Саемот на книгата ќе се одржи од 3 до 9 мај

од admin_kult

Саемот на книгата ќе се одржи од 3 до 9 мај во Арената „Борис Трајковски“. Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Работното време на Саемот е од 10:00 до 20:00 часот.  Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарниците пред влезот на Саемот.

Саемот на книгата е поддржан од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе