„Процут кон женственоста“ – изложба посветена на Меѓународен ден на жената

од admin_kult

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета.

Изложбата насловена „Процут кон женственоста“ од колекцијата на Националната галерија, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам до 15 март.

Изложбата прикажува селектиран избор на македонски и странски автори, кои претежно припаѓаат на првите генерации уметници, а ја обработуваат темата, тесно поврзана со човечкиот животен циклус – односно фазите кои претходат во растењето и оформувањето на една жена се до зенитот на нејзината зрелост.

Селекцијата опфаќа дела од богатата збирка на Националната галерија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе