Промоција на книгата „Ранохристијанските мозаици во Охридскиот Регион“ од Мишко Тутковски

од admin_kult

Книгата со наслов „The Early Christian Mosaics in the Ohrid region“ (Ранохристијанските мозаици во Охридскиот Регион) од Мишко Тутковски ќе биде промовирана денеска, во 13:00 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Публикувањето на книгата е финансирано од Универзитетот Сорбона во Париз и од Министерството за култура на РС Македонија, во издание на издавачката куќа „Каламус“.

Промотори на книжевното дело се проф. д-р Елизабета Димитрова од Филозофскиот факултет во Скопје и д-р Мари-Патриција Рејно од Националниот центар за научни истражувања во Париз.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе