Проектот „Г-ѓа. & Г-ца. X“ на Марија Павловска во Венеција

од admin_kult

Проектот „Г-ѓа и г-ца X“ од Марија Павловска  ќе биде претставен на шестото издание на биеналната изложба на современа уметност, која  ќе биде отворена во Венеција, Италија, од 23 април до 27 ноември 2022 година.

По претставувањето на XIII биенале во Фиренца во октомври 2021 година,  проектот „Г-ѓа и г-ца X“ беше  претставен и на „Oстен биенале на цртеж 2022“. 

Како што информира уметницата Павловска, ова е нејзина втора покана за претставување и учество во Европскиот културен центар (ЕСС), а во контекст на главното 59. Венециско биенале 2022 година.

Инаку, на обемната изложба ќе биде претставен избор на уметнички дела од меѓународно познати и актуелни уметници, фотографи и скулптори, а ќе бидат изложени и проекти од светски академски институции. Делата ќе бидат изложени на историските места – „Палацо Бембо“, „Палацо Мора“ и градините „Маринареса“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе