По „Карнеги хол“, на 27 јануари Трпчески во Париз

од admin_kult

Македонскиот реномиран пијанист Симон Трпчески, заедно со виолинистот Максим Венгеров, по успешните настапи во Лондон и Њујорк, в четврток, 27 јануари, ќе настапат во Париз.

Тандемот Максим Венгеров – Симон Трпчески на 20 јануари го одржа вториот концерт од мини-турнејата на најпрестижните светски сцени, овојпат во „Карнеги хол“ во Њујорк.

– По исполнувањето на програмата за концертот во преполна сала и со стоечки овации, двајцата врвни уметници ја наградиja публиката со дури три изведби на бис“ – информираа од „КултурОп“.

По минатогодишниот прв заеднички настап на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел во Белгија, Трпчески месецов настапува на три од најпрестижните светски концертни сцени заедно со Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе