Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

од admin_kult

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година.

Овој датум се одбележува секоја година во целиот свет на 23 април како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор, како: Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

На овој празник на книгата, во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се читаат извадоци од романот „Дон Кихот“, а, исто така, ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државава. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје зa одбележувањето на 23 Април доби поддршка од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и од издавачките куќи „Арс ламина“ и „Арс – студио“.

Порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право 23 април 2023 г.   

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе