Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, викендов беше отворена изложбата на слики од уметницата Тања Манева, насловена „Боите на душата“ заедно со нејзините гостинки, Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ Додиг од Белград.
Во рамки на програмата на македонскиот КИЦ во Тирана пак, на 3 мај во театарот ,,АрТурбина“ ќе гостува и Албанскиот театар од Скопје со претставата ,,Диво Месо“, од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.