Ве известуваме дека Европската комисија на 13 март 2024 година од 10:00 до 12:00 часот организира онлајн инфосесија за тековниот повик за категоријата „Циркулација на европските книжевни дела“, со краен рок за доставување на предлог-проектите до 16 април 2024 година (17:00 часот по средноевропско време).
Повеќе информации за повикот може да најдете на наведените линкови во соопштението: https://kultura.gov.mk/
На инфосесијата може да учествуваат квалификувани потенцијални апликанти од земјите учеснички во програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, меѓу кои и од нашата држава.
Повеќе информации за пријавување и учество на онлајн инфосесијата може да најдете на следниов линк:
Дополнително ве известуваме дека потенцијалните апликанти што се во фаза на подготовка на проектни апликации за наведниот повик, може да закажат дополнителни консултации во Одделението за Креативна Европа – потпрограма Култура преку следнава е-адреса: biljana.prentoska@ced.mk