НУ Камерен оркестар на Битола ќе го одржи својот прв концерт оваа година како национална установа

од admin_kult

НУ Камерен оркестар на Битола својот прв концерт оваа година како национална установа, со наслов „Барокна фантазија“, ќе го одржи вечер (26 март) во 20:00 часот во КИЦ Офицерски дом во Битола.

Музичките уметници Симон Поповски (виолина), Ангела Димковска (флејта) и Дејан Цветковски (виолончело), кои се и првите вработени во Оркестарот, ќе го збогатат концертот со својата соло изведба, а како гостин на концертот ќе настапи сопранистката Биљана Јосифов.

– „Барокна фантазија“ е патување кое ќе ги оживее најубавите моменти од барокниот период, и ќе ги спои историјата, културата и уметноста преку моќта на музиката. Ова е само почетокот на патувањето на НУ Камерен оркестар на Битола, кое ветува богатство на музички настани во годината што доаѓа –  информираат од НУ Камерен оркестар на Битола.

Влезот за концертот е слободен.

Камерниот оркестар на Битола постои над четири децении. Во почетокот бил  составен од музичари со ограничено музичко образование, ентузијасти со различни професии, но сепак негувајќи ја својата љубов кон музиката, успеаја да формираат оркестар кој се развиваше низ годините. Денес Оркестарот е добро препознатлив бренд низ целиот Балкан.

Во таа смисла, во декември 2022 година Владата донесе одлука да се основа нова Национална установа Камерен оркестар на Битола – Битола, што се очекува значително да ја зголеми културната понуда на целиот Пелагониски плански регион, опфаќајќи ги градовите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе