На Економскиот форум во Делфи, Северна Македонија со учество за културното наследство од Западен Балкан

од admin_kult

На Осмиот економски форум во Делфи  „Paradigm Shifts“, кој се одржува под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, учествуваа над 900 говорници од над 70 земји, меѓу кои и Северна Македонија.

Во рамки на панел-дискусијата посветена на „Културното наследство за интеграција на Западeн Балкан во Европската Унија“, кабинетскиот службеник во Министерството за култура, Оливера Ливриниќ, се осврна на значењето на културното наследство како клучен ресурс за обликување на заедничкиот европски идентитет.

Таа ги потенцираше придобивките од изградбата на многубројните платформи за соработка, за пријателство, за размена на искуства и на информации, каде предност ѝ е дадена на културната соработка, која со својата креативност и умешност е и наш предводник на европски пат.

Инаку, на Форумот во Делфи, под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу,  главни теми беа : геополитиката и меѓународната безбедност, климатската криза, светската економија, општеството, како и технолошкиот напредок и развој.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе