Концерт на народна музика „Дебарски бисер 2022“   

од admin_kult

Во Концертната сала на Центарот за култура во Дебар денеска, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи концертот на македонска народна музика „Дебарски бисер 2022“.  

На концертот, кој традиционално се одржува во мај, годинава ќе настапат  познатите интерпретатори Татијана Стефановска, Влатко Миладинoски, како и  надежниот дебарски пејач Салмир Асаноски, во придружба на оркестарот на маестро Златко Миладиноски. 

Концертот е финансиски поддржан од Министерството за култура  во рамките на  Годишната програма за работа на Центарот за култура – Дебар во 2022 година од областа на фолклорната дејност. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе