Изложба на фотографии од златни археолошки артефакти пронајдени во Неготинско

од admin_kult

Во Музејот галерија – Кавадарци е отворена изложба на фотографии од златни археолошки артефакти пронајдени во Неготинско. Автор на изложбата е Драгица Чекорова, кустос советник и директор на Музејот на град Неготино.

Во рамките на изложбата на 30 паноа се претставени фотографии од златните археолошки артефакти пронајдени на археолошкиот локалитет „Орманков гроб” во 2008 година. Станува збор за накит, предмети за чување накит, монети и слично, кои датираат од 5 до 4 век пред нашата ера.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе