Изложба на карикатури „Жената – глава на семејството“ од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ во Куманово

од admin_kult

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово e отворена изложбата на карикатури „Жената – глава на семејството“. На изложбата се претставени околу педесетина карикатури на автори од повеќе земји.

Изложбата е дел од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас 2022“ што традиционално се одржува во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница секоја година во октомври.

Изложбата, која беше презентирана во повеќе градови низ државава, во Куманово ќе биде поставена до трети април.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе