Изложба „Жените и фотографијата 2022“ во Куманово

од admin_kult

„Жените и фотографијата“ е насловот на изложбата на уметничка фотографија што ќе биде отворена утре (10.3.2022 г.) во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово во чест на Меѓународниот ден на жената,  8 Март.

На изложбата, во организација на Фотоклубот „Куманово“, ќе бидат  изложени фотографии од 60-ина учеснички од државава.

Ова е деветта изложба на која жените преку фотографијата прават вистинска револуција во осознавање на светот, која води кон уривање на поделбите, а со тоа и прифаќање на нови мислења и воспоставување нови парадигми, велат организаторите.

Изложбата ќе биде поставена до 23 март годинава.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе