Изложбата „Реминисценции“ од Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија

од admin_kult

На 7 март (вторник) во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи отворање на ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата, авторот го претставува својот последен циклус сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба на акрилни бои.

Марјан Ѕингаров е роден во 1976 г. во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната ликовна академија во Софија, Бугарија.

Има реализирано девет самостојни изложби во Северна Македонија, Бугарија и во Романија. Учествувал на групни изложби во: Северна Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија.

Носител е на Годишната награда на Општина Струмица, „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ за 2022 г., за особен придонес во областа на културата и уметноста.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе