Драмски театар со претставата „Фирма“ гостува во Словенија

од admin_kult

Драмски театар со претставата „Фирма“ денеска (7 февруари) гостува  во во Љубљана, Словенија, каде од 2 до 7 февруари во организација на Местно гледалишче Љубљана се одржува третото словенечко издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Претставата „Фирма“ на режисерката Нела Витошевиќ е работена според Push up 1-3 од Роланд Шимелфенинг. Драматург е Викторија Рангелова Петровска. Сценографијата е на Костантин Трпеноски, mvv.design. Костимите се на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката е на Нела Витошевиќ.

Премиерата на „Фирма“ беше на отворањето на фестивалот РУТА што Драмски театар Скопје го организираше во октомври. Претставата досега е изведена десет пати на матичната сцена и ова гостување во Местно гледалишче Љубљана е прво гостување на претставата во странство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе