Во галеријата МЦ во Њујорк е отворена самостојната изложба на слики „Најцрната црна“ на уметникот Мице Јанкуловски.
Во рамките на изложбата се претставени дела од најновата продукција на уметникот, кој слика со најцрната боја – карбонот – откриена со помош на нанотехнологија.
Куратори на изложбата се Корнелија Конеска и Емил Алексиев.
Ова е втората од двете изложби на уметникот во декември 2022 година во Њујорк. Првата изложба беше отворена во галеријата „Артифакт“ на 7 декември 2022 година.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура.