Во Центарот за култура – Дебар  премиерна изведба на „Тартиф“ од Мoлиер

од admin_kult

Во Центарот за култура – Дебар денеска (7 декември) пред дебарската публика премиерно ќе биде прикажана комедијата „Тартиф“ од Молиер, претстава на албански јазик. Претставата е во режија на Дашамире Спахиу и Бљета Сеља, а улогите ги толкуваат ученици од средното училиште во Дебар.

Од Центарот за култура-Дебар информираат дека оваа претстава, која се реализира со поддршка на Министерство за култура, се поттикнува драмскиот аматеризам во оваа национална установа и додаваат дека претставата предизвикала интерес кај школската публика, но и кај повозрасните дебарчани.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе