Во Прилеп се отвора изложба на младиот уметник Славчо Павлоски

од admin_kult

Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска (28 април) во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Материјалот и формата“ од уметникот Славчо Павлоски.

„Павловски естудент на Ликовната академија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот Вајарство, во класата на професор Гоце Наневски. Учествувал на голем број ликовни изложби, колонии, а се појавува како помошник и како зограф во повеќе цркви и манастири.

Овој млад уметник е член на Здружението на ликовни уметници во Прилеп. Минатото лето во културниот центар „Милош Црњански“ во Нови Сад беше отворена неговата ликовна изложба „Инспирација“ што ја сочинуваа 14 дела масло на платно. Павлоски прв пат во родниот град, Прилеп, има самостојна изложба и првпат самостојно изложува како вајар. На прилепската ликовна публика ќе ѝ понуди 15 дела изработени во мермер и дрво“, информираат од Центарот за култура во Прилеп.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе