Во Нови Сад премиера на претставата „Идиот“ во режија на Андреј Цветановски

од admin_kult

Во Новосадскиот театар во Нови Сад, европската престолнина на културата за 2022 година, на 12 јануари премиерно беше изведена претставата „Идиот“ во режија на македонскиот режисер Андреј Цветановски.

Во авторската екипа на овој проект, работен според романот на Достоевски, се: Сергеј Светозарев како сценограф, Благој Мицевски како костимограф, Димитар Андоновски како композитор и Јована Ракиќ како кореограф.

Режисерот пред премиерата посака неговата претстава да ѝ помогне на публиката да ја сфати чистата невиност на главниот јунак и да ја почувствува неговата љубов и добрина, а директорот на Театарот, Валентин Венцел, по претпремиерата изјави дека е ова големо враќање на драмскиот театар во однос на постдрамскиот.

Во претставата настапија: Габор Понго, Габриела Црнковиќ, Роберт Ожвар и Јудит Ласло. Oсвен овие протагонисти, во претставата играат: Атила Немет, Силвија Крижан, Агота Ференц, Даниел Гомбош, Иштван Кереши, Ливиа Банка, Атила Гириц, Атила Маџар, Даниел Хуста, Бенце Салаи, Терезиа Фигура и Мелинда Шимон, како и студенти од Академијата на уметностите во Нови Сад.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе