Во Националната галерија омаж за Омер Калеши

од admin_kult

Во Чифте амам денеска (16 јуни) во 12 часот ќе биде организиран омаж за реномираниот сликар Омер Калеши, кој почина во април годинава, по подолго боледување. На изложбата ќе бидат прикажани 30-тина дела во техниката масло на платно, кои за публиката ќе бидат достапни до крајот на месецот.

Омер Калеши е роден во Македонија, а емигрирал во Турција, каде што завршил Ликовна академија. Од 1965 година живеел во Париз, но останал исклучително поврзан со Балканот.

„Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан“, информираат од Националната галерија.

Изложбата ја организираат Националната галерија, во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови од семејството на Омер Калеши.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе