Во НУ Народен театар Битола вечер (1 март) во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Хамлет – Денот на убиствата“, според пиесата на Бернар-Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак.
Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата настапуваат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска.
Од НУ Народен театар – Битола информираат дека во претставата се употребени фрагменти од аријата „Несун Дорма“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од: Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.