Во Библиотеката во Охрид започнува манифестацијата „Прличеви беседи“

од admin_kult

Традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ започнува денеска (3 февруари) во 12:00 часот со промоција на книгата „70 години Библиотека ’Григор Прличев‘ –  Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја“ во Библиотеката.

Свеченостите во рамките на беседите на општинско ниво, во организација на Библиотеката, ќе продолжат в понеделник (6 февруари) од 13:00 часот со традиционалната „Прличева визита“.

Тогаш, за првпат, ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“, на кој учествуваа млади творци од 15 до 30 години. Потоа ќе следува промоцијата на аудиозаписот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски, а интерпретацијата е на актерката Софија Гогова-Врчаковска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе