Албанскиот театар од Скопје утре на 3 мај, во 19:00 часот, со претставата ,,Диво Месо“ од Горан Стефановски, ќе гостува во театарот ,,АрТурбина“ во Тирана.
Режисер на претставата е Мартин Кочовски, а во претставата играат Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етем, Ментор Курти и Арбен Расими. Сценографијате а на Енес Деари, костимите на Едлира Кишка, а музиката на Оливер Јосифовски.
Претставата е во рамки на програмата на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана.