Фанфари за еден пријател – концерт посветен на Саша Николовски –Ѓумар

од admin_kult

„Фанфари за еден пријател” е насловен концертот кој ќе се одржи утре, во 20 часот, кој Филхармонија му го посветува на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017), еден од најзначајните диригенти на нашата музичка сцена со кого оркестарот реализираше низа незаборавни концерти.

Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Копланд, Дика, Гуно, Шмит, Штраус и младиот македонски композитор Ангел Спироски.

„Фанфари за обичниот човек“ е едно од најзначајните концертни „увертири“ на американскиот композитор Арон Копланд (1900 – 1990).

На концертот ќе се промовира и серијата „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија преку која пред почетокот на концертите публиката ќе се запознае со делата кои ќе одат на програмата, како и со естетскиот и филозофскиот контекст на самите композиции. „Пред концертни разговори“ ќе се реализираат во рамки на концертите со оркестарот на Филхармонија кои ќе ги води маестро Габриел Бебешелеа.

 

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе