С О О П Ш Т Е Н И Е

од admin_kult

Одборот за доделување на државната награда ,,22 Ноември“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл весник на РСМ бр.98/19 ) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2020  за признание на луѓе од  политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија,

  1. За остварувања во областа наполитичкиот, културниот и општествениот  живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија, наградата им  се доделува на:

            – проф. д-р Џеват Лоши; албанолог

          –  акад. Али Алиу; книжевен критичар

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 Ноември 2020 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

  Претседател на Одборот,

 проф. д-р Гзиме Старова

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе