Разговори за интензивирање на културната соработка меѓу Република Северна Македонија и Албанија

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска и заменик-министерот Седат Сулејмани  денеска се сретнаа со албанскиот амбасадор Фатос Река. На средбата се разговараше за досегашната соработка во областа на културата меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, како и за плановите за нејзино натамошно продлабочување.

Соговорниците ја истакнаа и одличната соработка на мултилатерален план преку долгорочниот проект „Прекуграничен  биосферен резерват Охрид-Преспа“ и вклученоста во заедничката иницијатива на УНЕСКО и на ЕУ: „Кон зајакнатo управување со заедничкото прекугранично природно и културно наследство на Охридскиот Регион“. Исто така, беше потенцирана важноста за заедничка соработка за управување и заштита на Охридско-струшкиот Регион преку креирање Акциски план за заедничко управување меѓу двете држави.

Соговорниците ги нагласија одличните културни односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со многубројни реализирани активности во областа на културата, и тоа во музичко-сценската, драмската, литературната и издавачката дејност.

Беше истакнато традиционалното учество на албанските поети и писатели на книжевните манифестации во Република Северна Македонија, како што се Струшките вечери на поезијата, како и претставувањето на македонската книжевност на Интернационалниот саем на книгата во Тирана.

На средбата беше потврдена заложбата за унапредување на соработката меѓу сродните институции од областа на културата во двете земји. Соговорниците го акцентираа спроведувањето на Меморандумот за соработка меѓу Националната галерија на Република Северна Македонија и Националната галерија на Албанија, кој ги стави во функција просторните и интелектуалните ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања и сл.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе