Националниот комитет ИКОМОС организира интерактивна анкета на темата „Комплексно минато: разновидна иднина“

од admin_kult

По повод Меѓународниот ден на споменици и локалитети (18 Април), Националниот комитет ИКОМОС Македонија, кој е еден од 107-те комитети на глобално ниво на ИКОМОС, организира посебна активност во вид на кратка интерактивна анкета со следбениците на профилите на НК ИКОМОС Македонија на социјалните мрежи Facebook, LinkedIn, Twitter и Instagram, со цел да се отвори дискусија и размена на мислења и ставови околу темата „Комплексно минато: разновидна иднина“. Од Националниот комитет ИКОМОС Македонија упатуваат покана до сите заинтересирани да се придружат кон оваа активност, со надеж дека ќе се отвори плодна, конструктивна и разновидна дискусија. Анкетата ќе се одвива на 15 и 16 април, а резултатите ќе бидат споделени со јавноста на 18 април.

Линкови до профилите на социјалните мрежи на НК ИКОМОС Македонија се: www.facebook.com/ICOMOSMacedonia, www.instagram.com/icomos_macedonia, www.linkedin.com/company/icomos-macedonia, twitter.com/IcomosMacedonia.

Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите кој секоја година се одбележува на 18 април, е востановен во 1982 година. Секоја година овој ден е посветен на посебна тема поврзана со културното наследство, а оваа 2021 година тоа е „Комплексно минато: разновидна иднина“. Во средиштето на оваа тема е покренување на дискусија и критичко испитување на минатото преку зачувувањето на културното наследство, поттикнувајќи негово согледување и презентирање од различни гледишта и непристрасност при неговото толкување.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе