Претставување на писателот Томислав Османли во Сплит

од admin_kult

Писателот Томислав Османли, кој е на едномесечна книжевна резиденција во Сплит преку проектот „Reading Balkans“ поддржан од ЕУ-програмата „Креативна Европа“, вчера беше претставен пред сплитската културна јавност заедно со неговиот хрватски колега – Ивица Иванишевиќ.

Тие беа учесници на книжевната трибина „Диску(р)сија“ организирана од сплитското  Здружение „КУРС“ кое 13 гидини ја организира програмата „Writers in Residence Marko Marulić”, во чии рамки угостува странски автори на едномесечен резиденцијален престој.

Авторите накратко го претставија пред публиката своето творештво, зборуваа за специфичностите на пишувањето проза и драмски форми, за стрипот како една од омилените заеднички теми на двајцата автори, за „малите“ и „големите“ јазици, за книжевната сцена во своите земји особено во време на пандемија, како и за резиденцијалните програми и нивната важност за писателите.

Претставувањето и разговорот го водеше книжевната критичарка Партиција Хорват.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе