Македонскиот народен театар информира дека изведбите на претставите „Кец на десетка“, „Последната лента на Крап“ и „Влези не се соблакај“, кои се на репертоарот, од вечер ќе започнуваат во 19 часот.
Kако што информираат, причината за ова е одлуката на Владата на Република Северна Македонија што беше донесена денеска, а се однесува на воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро на територијата на цела држава започнувајќи од среда, 10 март.