„Прво родителско сослушување за аутизмот“ во Тетово

од admin_kult

Во Тетово на 5 септември ќе се одржи „Прво родителско сослушување за аутизмот“, настан во организација на Здружението „Пурпура“ и Центарот за аутизам „Полетај за живот“, а со поддршка од Министерството за култура.

Од Здружението „Пурпура“ појаснуваат дека овој тип настан, родителско сослушување, се реализира за првпат во земјава и има цел да ги презентира искуствата на родителите на деца со аутизам, како се соочуваат и како се справуваат со секојдневните предизвици со аутизмот.

„Целта е родителите првин да го разберат и да го прифатат постоењето на аутизмот, да се поотворени, но и општеството да ја подигне свеста за овој феномен“, велат од Здружението и најавуваат дека во периодот што следува ќе реализираат неколку културни и социјални активности за подигнување на свеста за аутизмот во РСМ.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе