Оркестарот на Филхармонија ја отвора новата концертната сезона 2020-2021

од admin_kult

Новата сезона на Филхармонија почнува в четврток (20 часот) со концерт симболично насловен „Музика на два метри“ на кој ќе прозвучи антологиското дело за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер. Како солисти ќе настапат тенорот Корби Велч (САД) и мецосопранистката Хајке Веселс (Германија). Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, новиот шеф диригент на Филхармонија, кој има обемна кариера, а од 2011 година, е главен диригент на Молдавскиот национален младински оркестар и редовно работи и со Романскиот младински оркестар.

Концертот ќе се одвива според протоколите одобрени од Комисијата за заразни болести, а билетите ќе се продаваат во ограничен број онлајн на веб страната на Филхармонија. За да се испочитуваат протоколите, капацитетот на салата ќе биде искористен само 30 отсто, публиката ќе седи на дистанца, а ќе се продаваат само парните редови во салата. Музичарите кои ќе свират исто така ќе бидат распоредени согласно параметрите кои ги налага Комисијата за заразни болести.

Во програмата на новата концертна сезона се и концерти кои требаше да се реализираат минатата сезона – концертот со Јерухам Шаровски и Даниеле Акта, настапите на Дмитри Маслеев, Миша Бругергосман, Шерон Ковакс… Во новата сезона ќе настапат исклучителни солисти како руската виолончелиститка Анастасија Кобекина, виолистот Тимоти Рајдаут, виолинистот Филип Квинт и други уметници кои во моментов се актуелни на светската музичка сцена.

Оркестарот во новата концертна сезона ќе го водат диригентите Антони Вит, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Кристијан Рајф…

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе