„Опера за три гроша“ од Брехт премиерно во изведба на Тетовскиот театар

од admin_kult

 

Актерите од Тетовскиот театар на 4 и 5 септември премиерно ќе го изведат делото „Опера за три гроша“ од Бертолт Брехт. Претставата ќе биде изведена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, со почеток во 19 часот. Поради пандемијата, претставата нема да биде отворена за пошироката јавност, а ќе ја следат само луѓе со покани.

-Премиерата на оваа претстава е на 4 и 5 септември со поинаква затворена премиера поради ситуацијата со пандемијата. Ќе има одредена публика со мал број на посетители, претежно колеги од областа на театратска дејност и новинари. Знаме дека подолго време тетовската публика не гледала претстава, па се надевам дека ова ќе биде надминато и луѓето кои се жедни за театар ќе има можност да гледаат претстава во иднина, изјави на прес-конфренција Адриан Азири, актер кој ја толкува главната улога. Претставата „Опера за три гроша“ е во режија на Ќендрим Ријани. Сценографијата е на Петрит Бакали, а костимографија на Марија Пупучевска.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе