На Мирча Картареску ќе му биде врачена наградата „Прозарт“

од admin_kult

На третиот ден на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје, вечер во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на годинашниот лауреат, романскиот писател Мирча Картареску, за особен авторски придонес кон балканската литература.

Картареску ќе се претстави и со дел од своето творештво, а гостите на Фестивалот: Миљенко Јерговиќ, Јоана Николае, Оливера Ќорвезироска, Анте Томиќ и Калин Терзиски, ќе читаат извадоци од нивното творештво.

Во придружната програма „Musicians’ cut“ ќе настапат Гоце Јованоски и Андреа Мирческа, кои ќе изведат експериментална звучна импресија од филмот „Устав на Република Хрватска“, снимен по сценарио на Томиќ.

На 22 септември Фестивалот организира дополнителна програма во книжарницата „Буква“ во Скопје од 20 часот. Александар Прокопиев ќе зборува за творештвото на Гојко Божовиќ, а двајцата заедно, пак, ќе зборуваат за делото на Данило Киш.

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е поддржан од: „Традуки“, Министерството за култура, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Град Скопjе, Амбасадата на Романија, „Спона“, Кинотеката. Организатор на Фестивалот е издавачката куќа „Прозарт медиа“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе