Монодрамата „Последната лента на Крап“ премиерно на сцената на МНТ

од admin_kult

На малата сцена во МНТ утре, 30 декември, со почеток во 12:00 часот, премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски. Претставата е копродукциски проект на Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје.

Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографијата, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, а костимографијата е на Ивана Каранфиловска-Угуровска.

Билетите се достапни онлајн на следнава веб-адреса: https://mnt.mk/online/index.php?id=438

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе