Шест онлајн-настани во „КЦ750“

од admin_kult

„Културниот центар 750“ реализира шест онлајн-активности предвидени за 2020 година. Поради пандемијата, во оваа сезона не се организираа настани на јавен простор туку се ширеше уметност на алтернативен начин, со онлајн-претставување на изложбите, инсталациите и литературните читања.

Своите дела во „КЦ 750“ ги изложија Тамара Забазноска,Филип Велковски, Будимка Поповска, Васко Марковски, уметничка инсталација подготви Ѓорѓе Јовановиќ, а беше претставена и поезијата од Ива Дамјановски. За да не остане сè само во виртуелниот простор, како што информираат од „КЦ 750“, беа подготвени принтови со материјали од изложбите и од читањата и беа дистрибуирани во поштенски сандачиња по случаен избор во повеќе скопски населби.

„КЦ 750“ е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор за културни намени. Проектот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе