Македонскиот народен театар, преку соопштение, ги поканува лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“ и од Детската болница – Козле, како и епидемиолозите и матичните лекари, да ја гледаат првата претстава, „Говорна мана“, по паузата поради пандемијата.
Oд МНТ информираат дека претставата ќе се одржи на 14 октомври со почеток во 20 часот.