Министерката за култура Ирена Стефоска денеска се сретна со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Александров Ангелов.
На средбата беше истакната традиционално добрата соработка во областа на културата меѓу двете земји.
Соговорниците го поздравија функционирањето на културно-информативните центри во Скопје и во Софија и констатираа дека во периодот што следува е потребна поинтензивна културна промоција.
Министерката за култура Стефоска и бугарскиот амбасадор Ангелов се согласни дека добрата соработка во сите дејности од областа на културата ќе продолжи и во иднина.