Искрени честитки и желби за натамошен успех на филмот „Сестри“, кој ја доби специјалната награда од жирито (East of the West Special Jury Prize) на 55. издание на престижниот Филмски фестивал во Карлови Вари, Република Чешка, им упати министерката за култура, Ирена Стефоска, на режисерката Дина Дума и на продуцентката Марија Димитрова.
На срдечната средба, Дума и Димитрова ги споделија искуствата од Фестивалот во Карлови Вари, кој е еден од најугледните во Европа, како и реакциите на стручната јавност и на публиката. Стана збор за меѓуврсничкото насилство, што е тема на „Сестри“, за актуелните теми во современата европска кинематографија и за иднината на овој филм.
Министерката Стефоска го изрази своето задоволство од успехот на овој филм, како и од резултатите што ги постигнува новата генерација филмски работници во земјава, пожелувајќи им големи успеси во иднина.