Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Струга денеска слави 38 години од формирањето, односно од спојувањето на повеќе фолклорни организации во една при Центарот за култура „БраќаМиладиновци“.
Друштвото има 260 активни членови, поделени во седум игроорни групи, пејачка група и оркестар.Сите заедно исполнуваат повеќе од 20 кореографски постановки од сите региони во државава.
КУД „Илинден“ досега има реализирано 37 самостојни годишни концерти и над 3000 настапи во Македонија и во странство, освојувајќи многубројни награди и признанија.