КОНЦЕРТ НА САНДРА МИТРОВСКА И ДАМЈАН ПОПОВСКИ 

од admin_kult

Во фоајето на Центарот за култура ,,Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска (29 октомври)од 19 часот ќе се одржи концерт на сопранот Сандра Митровска и тенорот Дамјан Попоски, во соработка со пијанистот Јанинка Невчева.

На програмата се дела од Пучини, Штраус, Чилеа, Вагнер, Чајковски, Лехар.

Митровска е дипломец на Музичката академија во Скопје. Се доусовршувала под менторство на тенорот и педагог Стојан Стојанов Ганчев во Загреб. Досега настапувала на гала оперски концерти и е добитник е на повеќе награди.

Попоски е дипломец од Њујорк. Ги продолжил студиите, работејќи со врвни имиња од оперскиот свет. Во НОБ дебитира во улогата на Малком во Магбет. Настапувл. и во Америка, Канада, Италија, Германија и Грција.

Невчева завршила студиите на ФМУ во Скопје, а пет години се усовршувала за камерната музика и соло репертоар за пијано во Париз. Досега настапувала низ земјава и странство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе