Изложба „Музејот во Кавадарци низ фотографии 2018 – 2020“

од admin_kult

Во Музеј-галерија Кавадарци отворена е изложба под наслов „Музејот во Кавадарци низ фотографии 2018 – 2020“.

На изложбата на 300 фотографии ретроспективно се презентирани моменти од отворањето на изложби од ликовната и музејската дејност, Спомен соба на Никола Бадев, промоции и настани реализирани во последните три години.

Врз основа на архивска фотодокументација во Музеј-галеријата се презентирани околу 40 настани што е можност  јавноста да се потсети на активностите на музејот и  повеќе значајни настани од културата како и на уметниците кои биле дел од културното живеење на градот.

На отворањето на изложбата говореа соработниците Трајче Цветков и Билјана Галабова и авторот на изложбата Весна Ѓорѓиева.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе