Концертот „Ну погоди!“ со Меџикал оркестар и Џијан Емин во Гостивар

од admin_kult

Во рамки на Парк фестивалот во Гостивар денеска ќе настапи симфонискиот оркестар „Меџикал“ под диригентската палка на Џијан Емин, со грандиозниот проект „Ну погоди!“.

– Мултимедијалниот настан „Ну погоди“, кој беше премиерно изведен минатото лето на настанот „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк во Скопје, ќе биде реализиран во Гостивар, повторно под отворено небо. Голем симфониски оркестар, бенд, вокален ансамбл, диригент и видеопроекции го прават  проектот „Ну погоди!“ кој ја носи музиката од некои од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, а кои го одбележаа детството на генерациите од 70-тите и 80-тите години – „Балтазар“, „Мечето Ушко“, „Козле Бозле“, „Ну Погоди“…, информираат организаторите не фестивалот.

Темите од концертот се во аранжман на Владимир Николов и изведени во живо, ќе ги следат анимираните филмови што публиката ќе може да ги гледа на големи платна на кои ќе се одвиваат видеопроекциите.

Џијан Емин е еден од најистакнатите музички уметници во земјава, кој зад себе има реализирано мноштво авторски проекти од различни жанрови и форми, во земјава и во странство.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе