Оркестарот на Националната опера и балет вечер од 20 часот концертно ќе го изведе балетот „Шехерезада“ на Николај Римски Корсаков, под диригентство на Бисера Чадловска.
Оркестарот, преку прекрасната музика која води во светот на ориентот, на поинаков начин ќе ја преточи оваа безвременска бајка.
Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот.