Кино со автомобили во Кавадарци, Неготино и Демир Хисар

од admin_kult

Жителите на Кавадарци, Неготино и Демир Хисар викендов ќе може да проследат филмски проекции од нивните автомобили.  Настанот  е во организација на  „Торос филм студио“ во соработка со Министерството за култура.

Проекцијата во Неготино, која се реализира во соработка Центар за Култура ,,Aцо Ѓорчев”  ќе се одржи утре петок (25.6.2021 г. ) со почеток во 20:15 часот на кошаркарските терени кај  спортската сала ,,Младост”.

Во Кавадарци и Демир Хисар, пак, проекциите ќе се одржуваат во сабота (26 јуни) во 20:15 часот на паркингот до „Музички парк“ и на игралиштето во новата населба Демир Хисар.

Во сите три градови ќе се прикажува филмот „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и краткометражниот филм „Магнолиа“ на Ана Опачиќ.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе