Во Музеј-галерија Кавадарци отворена е изложба под наслов „Музејот во Кавадарци низ фотографии 2018 – 2020“.
На изложбата на 300 фотографии ретроспективно се презентирани моменти од отворањето на изложби од ликовната и музејската дејност, Спомен соба на Никола Бадев, промоции и настани реализирани во последните три години.
Врз основа на архивска фотодокументација во Музеј-галеријата се презентирани околу 40 настани што е можност јавноста да се потсети на активностите на музејот и повеќе значајни настани од културата како и на уметниците кои биле дел од културното живеење на градот.
На отворањето на изложбата говореа соработниците Трајче Цветков и Билјана Галабова и авторот на изложбата Весна Ѓорѓиева.