Завршија истражувањата на локалитетот Кале

од admin_kult

Завршија археолошките истражувања на катедралниот храм на археолошкиот локалитет Кале во село Крупиште, Општина Карбинци. Археолошките истражувања резултираа со откривање на катедралниот храм кој е изграден врз доцноантичка базилика со мартириум од IX и X век каде се пронајдени и две плочи со букви од глаголицата.

Воедно откриена е и доцноантичка гробница и гробови кои датираат од XI до XIII век. Од гробните прилози откриени се стаклени бронзени белегзии и монети од истиот период.

На овој археолошки локалитет се истражува по 40 години, а академик Блага Алексова во своите истражувања наведува дека овде бил градот Равен, каде што Кирил ја напишал глаголицата, а Методиј бил назначен за епископ. Истражувањата на археолошкиот локалитет Кале се реализираат со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе