Завршен настан на проектот „Мозаик инсталација како културна традиција и современо живеење“

од admin_kult

Здружението „Добредојде“ организираше завршен настан за проектот „Мозаик инсталација како културна традиција и современо живеење“.

На настанот кој се одржа во Природно-научниот музеј во Скопје, присуствуваше  заменик министер за култура, Седат Сулејмани, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, швајцарскиот амбасадор во Северна Македонија, Сибил Сутер Сејда и Емилија Миладинова Аврамчева претседателка на здружението „Добредојде“.

Проектот „Мозаик инсталација како културна традиција и современо живеење“ поддржан од швајцарска амбасада, организираше мозаик работилници во Виница, Кавадарци, Скопје во вкупна површина од 96 квадратни метри. Во проектот учествуваа студенти, деца случајни минувачи. Мозаиците се изработени од рециклирани крш плочки, а цел на проектот е да се поттикнат принципите за зелената култура и културата да оди во правец на заштита на животната средина.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе