Концерт на Бесиана Мехмеди, Алба Мучоли Дехири и Пранвера Хоџа во Софија

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе се одржи концертот на Бесиана Мехмеди – мецосопран и пијанистките Алба Мучоли Дехири и Пранвера Хоџа.

Името на Бесиана Мехмеди се вбројува меѓу најпознатите албански пејачи. Добитник е на бројни музички награди и е вклучена во репродуцирањето и интерпретацијата на некои од албанските фолк хитови. Активно учествува на различни фестивали, концерти и ТВ програми во Косово, Северна Македонија, Албанија и други држави од регионот.

Алба Мучоли Дехири има 15 – годишно искуство како наставник по пијано во Музичкото училиште “Prenk Jakova” во Приштина, Косово. Алба има изведби на концерти одржани во Косово, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Германија.

Пранвера има учествувано на многу музички фестивали, а исто така има остварено многубројни соработки со соло пејачи и инструменталисти. Има одржано многу соло концерти во Албанија, Црна Гора, Белгија, Македонија, Франција, Србија и Австрија.

Концертот на мецосопранот Бесиана Мехмеди и пијанистките Алба Мучоли Дехири и Пранвера Хоџа е со почеток во 18:30 часот, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе