Актерот Симеон Мони Дамевски нов директор на Фестивалот „Браќа Манаки“

од admin_kult

На Свеченото  Собрание на Друштвото на филмски работници, едногласно беше избран новиот директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, актерот Симеон Мони Дамевски.

Според статутот на Друштвото на филмски работници, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот.

Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопштија од Друштвото на филмски работници.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе